Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс им понудил на челниците на каталонскиот клуб да го раскинат договорот со тимот од „Ноу Камп“ на почетокот на сезонава, пренесуваат шпанските медиуми.
Бускетс со овој гест сакаше да и помогне на Барселона со тоа што ќе го ослободи каталонскиот тим од финансиски обврски, бидејќи овој клуб со години има финансиски проблеми.
Шпанските медиуми тврдат дека тренерот на Барселона Чави Хернандез го спречил Бускетс да го раскине договорот и инсистирал капитенот на „Ноу Камп“ да остане до крајот на сезоната.
Чави сака Бускетс да ја води Барселона и следната сезона, но таа можност е малку веројатна бидејќи искусниот играч за врска има намера да се пресели во Интер Мајами. Бускетс е член на Барселона од 2005 година, а со каталонскиот клуб освои 30 трофеи. За првиот тим на Барселона одигра 696 натпревари и постигна 18 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

