Сензација на Светското првенство во Катар, Доминик Ливаковиќ не успеа да го запре и Лео Меси во изведувањето на обидите од белата точка. Хрватот кој запре имиња како Минамино, Јошида, Родриго не спречи рано водство на Аргентина во полуфиналниот натпревар па „гаучосите“ имаа полесна задача за пласман во големото финале.
Говорејќи за постигнатиот гол, Лео Меси откри дека добро ги анализирал одбраните на Хрватот, а откако го открил трикот лесно и го совладал.
„Со нашите голмани детално ја проучувавме техниката на хрватскиот голман, посебно при изведување на пенал. Веднаш сфативме дека тој го чека играчот до последниот момент, односно до залетот, а од погледот и положбата на телото тој чита на која страна оди топката. Затоа сфатив дека не може да чекам, туку да шутирам што порано. Тешко е да му дадете гол на Ливаковиќ, но бев подготвен“, изјави Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА