Фудбалската федерација на Македонија до Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги испрати предлог номинациите за избор на „Спортисти на годината“ во организација на АМС.
На предлог на селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, во категоријата „Спортист на годината“, Фудбалската федерација на Македонија ги номинираше 1. Стефан Ристовски, 2. Елиф Елмас и 3. Енис Барди.
Во дописот до Агенцијата за млади и спорт, селекторот на нашиот најдобар национален состав, Благоја Милевски даде свое објаснување во однос на номинациите за тројцата наши репрезентативци.
1.Стефан Ристовски – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграните бараж натпревари за СП 2022. Победа против Европскиот првак Италија и пласман во финалето од плеј-офот против Португалија; Придонес во одиграните натпревари за освојување на шампионската титула во хрватското првенство со Динамо Загреб и придонес во освојувањето на Националниот куп со Динамо Загреб; Придонес во одиграните натпревари за Динамо Загреб во УЕФА Лига на шампиони и пласман во групната фаза од УЕФА Лига на шампиони;
2. Елиф Елмас – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграниот бараж натпревар за СП 2022. Финале од плеј-офот против Португалија; Придонес во одиграните натпревари за Наполи (Италија) во УЕФА Лига на шампиони и пласман во групната фаза од УЕФА Лига на шампиони; Посветеност кон националниот дрес и секогаш во функција на тимот за репрезентативните натпревари во изданието од Лига на нации;
3. Енис Барди – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграните бараж натпревари за СП 2022. Победа против Европскиот првак Италија и пласман во финалето од плеј-офот против Португалија; Посветеност кон националниот дрес и секогаш во функција на тимот за репрезентативните натпревари во изданието од Лига на нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА