Реал Мадрид го доби тоа што го посакуваат сите европски гиганти – еден од најголемите светски таленти, 16-годишниот Ендрик.
„Кралскиот“ клуб го потврди трансферот кој претходно го најави Фабрицио Романо со информацијата дека Реал на бразилски Палмеирас ќе му плати 60 милиони евра плус и 12 милиони евра бонус.
Ендрик периодов пристигнува во Мадрид да ги види клупските објекти, а повторно таму ќе се врати кога ќе стане полнолетен. На тимот на Реал Мадрид ќе му се приклучи во јули 2024 година кога ќе стане полнолетен.
Поради неизбежните регулативи неговиот договор ќе биде до јуни 2027 година, плус три години како опција за клубот, што значи до 2030 година.
Real Madrid have confirmed the signing of Brazilian wonderkid Endrick 🇧🇷✨ pic.twitter.com/vL9qdR0iAT
— ESPN FC (@ESPNFC) December 15, 2022
Бразилското чудо од дете беше на мета на сите европски гиганти, а на крајот победи Реал Мадрид. 16-годишниот Ендрик, кој е најмлад фудбалери во историјата кој настапил за првиот тим на Палмеирас, оваа година за Палмеирас запиша 21 настап и постигна 12 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

