Полскиот судија Шимон Марсинијак е изборот на ФИФА за главен судија на големото финале на СП 2022 во кое в недела навечер силата ќе ја одмерат Франција и Аргентина.
Интересно, светската куќа на фудбалот се уште го немаше официјално обелоденето изборот на судија за борбата за златото, но Полската Фудбалска Федерација прва се пофали дека токму Марсинијак ќе биде задолжен за делење на правдата на големото финале.
Полјакот се занимава со судење од 2006, а од 2011 е интернационален судија со значките на УЕФА и на ФИФА. Тој веќе им судеше по еден натпревар на двата финалисти, Франција во победата од 2-1 над Данска во групната фаза, и на Аргентина во осминафиналниот триумф над Австралија од 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА