Ова е планот на Тен Хаг: Гакпо доаѓа на „Олд Трафорд“ во јануари, а „новиот Роналдо“ во јули

Ерик тен Хаг инвестираше богатство во играчиот кадар на Манчестер Јунајтед минатото лето, но холандскиот стратег нема намера да намали со трошењето на пари. Приоритет за Тен Хаг во моментов ќе биде засилување на нападот, особено откако Кристијано Роналдо си замина од тимот, а Џејдон Санчо  изолиран надвор од првата екипа и не се знае кога повторно ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

Британските медиуми најавуваат дека Тен Хаг инсистира на доаѓање на двајца врвни нови напаѓачи, од кои најмалку еден би требало да биде потпишан во текот на јануарскиот преоден рок. Се очекува тоа да биде Гакпо, најдобриот холандски фудбалер на ова СП кој беше на листата со желби и во текот на летото, но тогаш Тен Хаг се реши да потроши 100 милиони евра на Ентони од Ајакс. Цената на капитенот на ПСВ Ајндховен во меѓувреме скокна на 50 милиони евра, но „црвените ѓаволи“ ќе немаат проблеми да го платат ова за да го доведат Холанѓанецот во своите редови.

За летниот преоден рок ќе биде оставен мегатрансферот на Гонсало Рамос, кој по хет-трикот на осминафиналето против Швајцарија го доби прекарот „новиот Роналдо“. Младиот и суперталентиран Португалец има одлична сезона во дресот на Бенфика, но неговиот тим сигурно нема да го пушти среде сезона, особено откако минатото лето го продаде Дарвин Нуњез во Ливерпул. Сепак, преговорите Јунајтед – Бенфика би можеле да почнат веќе во јануари, а се очекува вредноста на трансферот на Рамос да достигне над 70 милиони евра.

Се вчитува...