Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 30 денa специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„На кралот Лав можете со зелено џамче…“
Друже како си ми денеска а? Арен ли си? Абе глеам три дена читам само, плачкото Меси, пенали му свиреле, ти реков, ми рече… Абе друже ќе пукнат од љубомора луѓево бе, ќе пукнат… Најдобар е икада, да ти кажам право може само со зелено џамче… Знаеш друже шо, ај да не бидам сеа некултурен пред девојчево срамота е… Вака и Марадона го хејтаа сите другар мој, па после коа замина Богот на фудбалот плачеа по него… Така и со Лео сеа, абе најдобар е у цел универзум бе друже, можат само да љубоморат…
Него друже вчера така сум се натажил да ти кажам право, многу ми дое тешко на душата… Глеам Синиша Михајловиќ пак му се вратила болеста, ќе било многу тешко… Абе царот знам дека ќе ја победи и оваа битка, какво играчиште беше, ѕвер, борец… Шо е една леукемија, има да ја изеде за доручек… Се сеќавам 1990 у Звезда коа беше, летото на припреми беа у Бечичи, ја таму на одмор… Абе друже ова меѓу нас сум им продавал цигари и виски, жими се ти кажуем… Какви господа беа, пиеја ко луди, али играчишта, пак беа бе тоа е сув талент… Не ко оној Роналдо друже, на вода само живее и пак не го бива веќе…
Него друже идам до пиљарана да зеам некоја јабука, малку здрава храна друже пред Нова година… Глеам и на децава у школи почнале да им даваат, па и ја сум дете на мајка бе друже… Ај се глеаме утре…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА