Барселона го осигура пласманот во четвртфиналето од Лигата на Шампионите со триумфот на гостувањето против Нант (33-37), но победата во последниот европски меч за оваа година беше скапо платена, по повредите на двајцата леви бекови, Ханиел Лангаро и Тим Нгесан.
Полошо мина Лангаро, веднаш стана јасно дека повредата на бразилскиот ас е сериозна, а деталните прегледи само ги потврдија стравувањата – станува збор за кинење на тетивата и пауза од најмалку шест месеци. Лангаро ќе биде опериран во текот на денешниот ден, но повеќе од јасно е дека тој нема да може да се врати на терените до крајот на оваа сезона.
Нгесан пак има фрактура на левата дланка, па иако не станува збор за шутерската рака, лекарските прогнози се дека тој ќе мора да отсуствува шест седмици, што значи дека Французинот ќ го пропушти и претстојниот ракометен мундијал.
Двете повреди се случуваат само еден ден откако Аитор Арињо беше опериран по повредата на вкрстените лигаменти заработена на дуелот со Кил, по што шпанскиот репрезентативец исто како и Лангаро ќе биде „во аут“ до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА