Утрово во 8:55 часот закани за бомби стигнале во неколку спортски институции. Закани за бомби добија куќата на фудбалот, поточно седиштето на Фудбалската Федерација на Македонија, потоа Националната Арена „Тодор Проески“, Спортскиот центар „Борис Трајковски“, како и скопските клубови Вардар и Работнички.
Од ФФМ ја потврдија веста дека итно биле евакуирани од зградата, каде што се вршат антитерористички проверки.
Ова е првпат да има закани за бомби во спорстки институции и објекти, откако досега имаше дојави за бомби во училиштата, потоа во трговските и деловните центри, во МНР и во една полициска станица во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА