Валтер Таварес е најдобар блокер во историјата на Евролигата

Кошаркарот на Реал Мадрид, Валтер Таварес на натпреварот против Жалгирис стана најдобриот блокер во историјата на Евролигата. Центарот на кралскиот клуб на вечната листа го престигна Брајан Данстон, а против Жалгирис ја забележа 318. рампа во елитното кошаркарско натпреварување.

Асот на Ефес и понатаму е на 317, додека Кајл Хајнс со 295, Фран Васкез со 249 и Алекс Тиус со 222 заостануваат. Таварес има 30 години и е член на Реал Мадрид од 2017 година.

Двапати беше во првата петорка на Евролигата, двапати беше најдобар одбранбен играч, додека титулата европски првак ја освои во 2018 година.

 

Се вчитува...