Поранешниот хрватски селектор Александар Петровиќ реагираше на најновиот потпис на Црвена Звезда со Факундо Кампацо, како нов доказ дека „црвено-белите“ заедно со лутиот ривал Партизан треба што поскоро да ја напуштат регионалната АБА-лига.
Според Петровиќ разликата во буџетите на двата српски гиганти со сите останати клубови е толку голема што веќе е предвидливо кој ќе игра финале.
„Мислам дека е време Звезда и Партизан да ја напуштат АБА-лигата, бидејќи со овие буџети се во најмала рака неспоиви со кошарката на овие простори. Логично е тие два клуба, кои инвестираат многу пари, да бидат редовни учесници на Евролигата, а АБА да се насочи кон она што беше од почетокот на нејзиното формирање – развојна лига за млади кошаркари“, напиша Петровиќ на Твитер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА