Синиша беше голем човек – болен дојде на промоцијата на големиот пријател за да го изненади (видео)

Синиша Михајловиќ беше извонреден фудбалер, врвен тренер, но најмногу од се – голем човек. Доказ за тоа е и фактот дека Михајловиќ пред само девет дена, иако тешко болен, собра сили за на 7 декември да се појави на промоцијата на книгата на својот добар пријател Зденек Земан.

Додека Земан говореше за свето дело „Убавината е непроценлива“, Михајловиќ дојде зад него, изненадувајќи го пријателот.

Ова воедно беше и последно појавување во јавноста на Србинот, чија состојба неколку дена подоцна сериозно се влоши, за денеска да ја загуби најважната битка со тешката болест што ја водеше неколку години…

Се вчитува...