Траорна е атмосферата во таборот на Болоња откако попладнево беше објавена информацијата за смтта на Синиша Михајловиќ, тренерот кој во последните неколку години го водеше тимот од Ренато Дал’Ара.
„Болоњезите“ го откажаа закажаниот пријателски меч со Горица, додека фудбалерите се во шок од губењето на големиот пријател.
Најпогоден од сите е Марко Арнаутовиќ, австрискиот напаѓач кој токму на инсистирање на српскиот стратег дојде во Болоња развивајќи прекрасен однос со Синиша.
„Ти благодарам што секогаш веруваше во мене, дури и кога никој друг не го правеше тоа. Ме прими како член на семејството, ми беше пријател, брат и татко. Засекогаш ќе бидеш жив во моето срце, ќе играм и ќе се борам за тебе. Почивај во мир, Мистер“, напиша Арнаутовиќ на своите профили на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

