Последната порака од Михајловиќ: Никогаш немој да се срамите од болести, напротив, покажете какви борци сте!

Легендата на југословенскиот фудбал, Синиша Михајловиќ кој денеска почина на свои 53 години, во својата последна објава на Инстаграм напиша дека „живот без проблеми не постои“ притоа испраќајќи порака дека „никој никогаш не треба да се срами од болести“.

„Не само што не треба да се срамите од болести, напротив, ако дојдете до таква ситуација покажете каков борец сте“ – испрати порака Михајловиќ.

Михајловиќ на 1.декември го изненади својот пријател Зденек Земан на промоцијата на биографијата, и тоа беше негово последно појавување во јавноста. А, пред точно еден месец на 17. ноември беше прогласен за почесен граѓанин на Болоња, град во кој живееше последните неколку години.

„Судбината сакаше болеста да се манифестира овде во Болоња каде постои и најдобриот медицински истражувачки центар од областа на онкологијата. Имав среќа, тоа е вистина… но Болоња исто така имаше среќа да ме има мене за тренер кога избегнавме испаѓање во 2019 година. Но, денеска зборувам за болеста. Немој никогаш да се срамите ако во животот се соочите со такви моменти. Животот не се живее без проблеми, туку се живее пркосејќи им на проблемите“ – напиша Михајловиќ.

Тој притоа признанието од градот Болоња пред само еден месец го посвети на сопругата, семејството, пријателите, лекарите, фудбалскиот клуб Болоња, својот стручен штаб и играчите, но пред се на сите жители на Болоња.

Се вчитува...