Легендарниот напаѓач Предраг Мијатовиќ не ја криеше тагата по добивањето на тажната вест – прераната смрт на 53-годишниот Синиша Михајловиќ.
Мијатовиќ беше репрезентативен колега со Михајловиќ, а нивното пријателство продолжи и по завршувањето на играчките кариери.
„За жал, денеска ја примив тажната вест за смртта на Синиша. Тој беше голем другар, пријател, соиграч, едно прекрансо човечко суштество, вистински пријател. Искрено верував дека ако постои човек што може да го надмине тој проблем со соодветен медицински третман, дека тоа е Михајловиќ. Тој беше борец, беше силен, имаше карактер, како на теренот, така и надвор од него. После првите третмани се беше во ред, но во последните месеци се слушнавме и болеста за жал се имаше вратено во неговиот организам. Дури и кога во последните денови слушнав дека ситуацијата е критична, се уште верував во некакво чудо бидејќи тоа е Синиша Михајловиќ. За жал, чудо не се случи, тој е сега на некое подобро место, но неговото заминување е голема загуба за сите нас, особено за неговото семејство“, изјави Предраг Мијатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА