Украинскиот претседател Владимир Зеленски нема да одржи говор во пресрет на големото финале од СП 2022, откако неговото барање било одбиено од страна на раководството на ФИФА.
Првиот човек на Украина вообичаено ги користи големите настани за преку видео-пораки да ја осуди руската инвазија на територијата на неговата земја, но и да побара помош од Западот во оваа војна. Тој имаше вакви обраќања на Греми наградите во САД, но филмскиот фестивал во Кан, а се надеваше на говор и пред дуелот Франција – Аргентина, но тоа нема да се случи.
Американските медиуми обелоденија дека Џани Инфантино и неговите најблиски соработници одлучиле Зеленски да не говори пред мечот за трофејот. Причините за ваквата одлука не се наведени, а украинскиот лидер бил длабоко разочаран од односот на раководството на ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА