Синиша Михајловиќ беше европски првак со Црвена Звезда, но човечката големина го направи овој фудбалски ас почитуван и од ривалите исто како и од своите верни фанови.
Доказ за тоа е и денешниот транспарент на „Гробари“, откако вечните ривали на Црвена Звезда на евролигашкиот меч со Анадолу Ефес испратија последен поздрав до починатата фудбалска легенда.
„Почивај во мир, Синиша“, пишуваше на транспарентот што се појави на трибината на „Гробари“ во белградска арена, каде натпреварот почна со едноминутно молчење во чест на поранешниот српски селектор и фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА