ГОСПОДИН ФУДБАЛ – ДЕН 29: Кој шо пее на Балканов и онаа цурата од трибини

Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 30 денa специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.


„Тргнува Лука Модриќ како да има 26 против двајца противнички фудбалери“ (ПРЕКРАСНО) 

Друже шо ти зборев вчера пред утакмица, кој треба да игра со Мароко, оној мојон љубимец, кажи си кажи, ајде… Ееее така Мислав Оршиќ, БЛАГОДАРАМ. Види ли каква играчина е тоа бе, каква голчина им спакува на Мароканцине? Него друже не можам да ги сфатам оние бе шо не им се напраи кејф шо Хрватите освоија пак бронза… Си играат бе децана, па коа ќе почнат уше да ми мешаат политика, ова пееле, она пееле… Кој не пее на Балканов бе друже, ако си почнеме од нас па таму до Словенија сите нешо пееме шо мислиме дека треба да се пее, а ваљда не е океј да се пее. Уше еднаш ќе ти кажам друже свака им част на Хрватине, ми го направија денот.

Него друже седам со баџото дома и се расправаме пола саат у публика на крај таа Хрватицата беше шо се соблакаше гола или не? Па не знам бе он се праи нешо многу поштен, како си ја сака жена му вика не ја гледав изглеа доволно не сум сигурен… Му викам баџо дај бе не се прај поштен и така само ја и ти сме тука, кажи ми она ли е или не е? Па морав да зиам да вртам кај комшијата знам он има тоа „инстаграм“ како го викате… Ми вика таа е бе… Добра риба друже, мада ја сум више за Нивес Целзиус…

Друже денеска од кај два саат некаде у викедица кај мене ќе праам скара на ќумур… Е сеа да ти објасни нешо тебе господин фудбал… Скарата на ќумур е нешто што е задолжително во уживањето кај секоја аргентинска фамилија. Незаменливи се и аргентинските емпанади, чорисо или чоризо, како сакаш, како и мате, нешто што е секојдневие и дел од аргентинската култура. Ако ти се доаѓа, бујрум друже поканет си на по една здравица за титулата и на се она што ќе го спремам има бифтек, има чоризо, емпанади и уште многу други нешта кои се дел од аргентинската култура во гастрономијата. Ајде сеа се глеаме друже…

Се вчитува...