Хрватската фудбалска репрезентација е освојувач на третото место на Светското првенство во Катар откако во малото финале славеше над Мароко со 2-1.
Феноменален старт ни донесе натпреварот откако видовме два гола за само седум минути. Хрватска поведе со 1-0 во 7. минута преку Јошко Гвардиол кој на феноменален начин со удар со глава во стил на Робин ван Перси ја затресе мрежата на голманот на Мароканците, Боно. Само две минути подоцна Мароканците се вратија во мечот со погодокот на Дари.
Одличен шут во 24. минута имаше Лука Модриќ, но одлично интервенираше можеби и најдобриот голман на турнирот, Боно. Мароко убава шанса имаше во 39. минута кога по корнерот на Зијеш, Ен Незири биеше со глава, но таа заврши покрај голот на Ливаковиќ. Водство од 2-1 за Хрватите донесе Мислав Оршиќ со веројатно погодокот на Мундијалот во 42. минута. Оршиќ неверојатно биеше од некои 16-тина метри и буквално на гол-линија го лобуваше еден од најдобрите голмани на првенството, Боно.
Во вториот дел првата вистинска шанса Мароканците ја имаа во 75. минута, откако Ен Незири биеше од непосредна близина, но одлично интервенираше Доминик Ливаковиќ. Истиот играч ја имаше и најголемата шанса во вториот дел кога во 95. минута биеше над голот на Хрватска.
Ова за Хрватска е втора бронза на Светските првенства по онаа во 1998 година, а трет медал откако на минатиот Мундијал завршија на второто место.
Croatia [2] – 1 Morocco – Mislav Orsic 42′ great goal from soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА