Чурлинов и Барнли продолжуваат со сигурен од кон Премиер-лигата

Лидерот во Чемпионшип Барнли продолжува со сигурните партии откако денеска во 23. коло славеше над Миделзборо со пресврт со 3-1. Откако по првото полувреме мируваа мрежите, гостите поведоа со 0-1 со голот на Вотмор во 49. минута.

Во период од дванаесет минути домаќинот успеа да направи целосен пресврт и на крајот да слави на победа. Прво Бенсон во 60. минута израмни на 1-1, а истиот фудбалер седум минути подоцна донесе и водство за лидерот на табелата од 2-1. Конечните 3-1 Барлни ги постави со автоголот на Хоусон во 72. минута. До крајот гостите не успеаја да реализираат пенал преку Акпом во 89. минута.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов кој се врати по повредата во игра влезе во 90. минута.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...