Херојот Оршиќ: Се уште не сум свесен што направивме, радувај се Хрватско!

Фудбалската репрезентација на Хрватска го освои третото место на Светското првенство во Катар откако во малото финале славеше над Мароко со 2-1.

Херој за Хрватите е Мислав Оршиќ кој на феноменален начин го постигна голот вреден бронза.

„Мислам дека уште не сум свесен што направивме. Ќе ни бидат потребни неколку дена за да сфатиме што направивме. Знаевме дека и тие ќе имаат свои шанси. Успеавме се да одбраниме и сега ќе славиме сите заедно. Ова е најважниот гол во мојата кариера. Радувај се Хрватскооо!

Се вчитува...