Фудбалската репрезентација на Хрватска го освои третото место на Светското првенство во Катар откако во малото финале славеше над Мароко со 2-1.
Стрелецот на првиот гол на мечот, Јошко Гвардиол ја прокоментира и спорната ситуација во второто полувреме кога над него беше направен очигледен пенал, но главниот судија на мечот не го досуди.
„Па, не знам, не сум сигурен, ако ме прашате мене, секако дека ме фати за нозете, но ние го освоивме третото место и баш ми е гајле во моментов дали беше пенал“, изјави Гвардиол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА