Кошаркарите на Гостивар славеа на домашен терен со 100-83 против Кожув во натпревар од 10. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија. Гостите успеаја да парираат само во првата четвртина која ја добија со минимални 16-17.
Гостиварци заиграа далеку подобро во вториот период и веќе на полувреме имаа предност од плус тринаесет 43-30. Во вториот дел го приведоа мечот само рутински до самиот крај за конечен триумф од 100-83.
Лувејн Пипкинс со 25 поени, шест асистенции и пет скока беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Рамо Ризвиќ заврши со 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

