Интер и Реал Бетис одиграа контролен натпревар како дел од подготовките пред продолжување на клупската сезона која беше стопирана поради Светското првенство во Катар.
Двата тима одиграа пријателски натпревар кој заврши 1-1. Откако мрежите мируваа 83. минути, во 84. шпанскиот тим дојде до водство од 1-0 со голот на Хуанми. Само една минута подоцна „нероаѕурите“ израмнија на 1-1 преку Дармиан.
Интер првиот меч по паузата поради Мундијалот го игра дури на 4. јануари следната година и тоа дербито во Серија А против Наполи, додека дотогаш ќе одигра уште две пријателски против Реџијана на 22. декември и Сасуоло седум дена подоцна. Од друга страна Бетис на 29. декември ќе се сретне со Атлетик Билбао во Ла лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА