Една од најконтроверзните личности на фудбалската сцена на Балканот и еден од творците на успесите на хрватскиот фудбал легендарниот Здравко Мамиќ, сна свој начин ја прослави новиот медал на Хрватска на Светските првенства.
Откако „коцкестите“ го освоија третото место по победата над Мароко од 2-1, легендарниот Мамиќ на свој начин го честиташе големиот успех.
„Третпат на последните седум Светски првенства, Хрватска е на пиедесталот во конкуренција на 211 земји. Земја од 3,5 милиони жители. Вторпат во четири години освојуваме медал. Давид против мнозинството на Голијати. Девет играчи на Динамо вечерва играа во мечот во кој Хрватска донесе светска бронза, а двајца стрелци се наши „дијаманти“. Срцето ми е полно! Браво Далиќ, браво момци!“, вели Мамиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА