Бензема тешко дека некогаш повторно ќе заигра за Дешамп: Ѕвездата на Реал ја одбила понудата од Макрон да биде дел од финалето на СП

Карим Бензема и дефинитивно засекогаш ја завтори вратата за себе во француската фудбалска репрезентација додека селектор на актуелниот светски шампион е Дидие Дешам.

Бензема поради повреда не можеше од самиот старт да биде дел од „триколорите“ на Мундијалот, но остана на списокот од 26 репрезентативци за настап. Тој се опорави пред утрешното финале, но Дешамп не ни размислува да го повика.

Откако и дефинитивно е сигурно дека нема да настапи на утрешното финале, тој добил специјална покана од францускиот претседател Емануел Макрон да биде дел од финалниот меч на трибините, но тој ја одбил оваа понуда.

За потсетување Бензема не беше дел од тимот на Франција на минатото Светско првенство поради скандалот во кој се најде заедно со неговиот соиграч Матју Валбуена.

 

Се вчитува...