Герет Саутгејт ќе остане на чело на англиската репрезентација откако кормиларот на „гордиот албион“ реши да не го напушти националниот тим по елиминацијата од Франција во четвртфиналето од СП 2022.
Фудбалската Асоцијација му искажа поддршка на селекторот по тој неуспех, по што Саутгејт требаше самиот да донесе одлука дали ќе остане на кормилото за преостанатите две години од договорот што го има со ФА, или ќе реши предвреме да си замине. Како што јавуваат англиските медиуми, како клучна се покажала поддршката од јавноста откако и фановите и самите фудбалери не ја криеле желбата тој да остане селектор.
Одлуката е веќе соопштена на челниците на ФА, по што Англичаните сега мислите ќе ги насочат кон наредните предизвици, со надеж дека на ЕВРО 2024 конечно ќе успеат да стигнат до пехар на едно големо натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА