Среде славјето на хрватската репрезентација по освоената бронза на Светското првенство, Дејан Ловрен предизвика скандал во микс-зоната на стадионот… Како што пренесува хрватскиот „24сата“, дошол Дејан Ловрен во микс зоната и дал изјава само за странските медиуми.
Тој поминал покрај хрватските новинари и реколе: „Сега Лука Модриќ ќе ви даде изјава“ и си заминал.
Во тој момент двајца новинари се насмеале, па Ловрен се вратил и прашал:
„Кој се смее?
Колегата му возвратил дека не му се смеат, но Ловрен возвратил:
„Каков начин е ова, вие сте против, се смеете, ни се потсмевате. Не сте среќни поради ова“.
Тие му одговориле дека не му се смеат, но Ловрен продолжил:
„Па, сега се смееш, смрдливко еден. Ти и оваа госпоѓа. Не сте го снимиле како се смее. Луѓето не се среќни, се смеат и тоа е вистината“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА