Познато кога хрватските херои ќе пристигнат во Загреб

Хрватска денеска околу 17 часот ќе ја пречека фудбалската репрезентација која од Светското првенство во Доха се враќа со бронзен медал, а централната прослава ќе се одржи на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб.

Авионот „Огнени“ се очекува да слета на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во 17 часот и 10 минути.

Хрватската фудбалска репрезентација го освои вториот бронзен медал на светските првенства со победата од 2-1 против Мароко. Првиот бронзен медал фудбалерите предводени од селекторот Чиро Блажевиќ го освоија во 1998 година во Франција кога по поразот од домаќините во полуфиналето, во мечот за третото место ја победија Холандија со 2-1.

Пред четири години „коцкестите“ под водство на актуелниот селектор Златко Далиќ го освоија сребрениот медал, губејќи од Франција во финалето.

По слетувањето на загрепскиот аеродром, „огнените“ со автобус ќе се упатат до плоштадот „Бан Јелачиќ“, каде што ќе биде организиран нивниот пречек, соопшти градската управа.

Се вчитува...