И Јунајтед влегува во трка за Белингем, ќе го убедуваат дека тоа е најдобриот клуб за него

Манчестер Јунајтед е уште еден клуб кој се вклучи во трката по потписот на играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем.

Според „Телеграф“, играчот од средниот ред е целта на Ерик Тен Хаг во летниот преоден рок. Тренерот на Јунајтед смета дека тој е еден од најперспективните играчи во средниот ред, и тоа што е англиски репрезентативец многу ќе му помогне да се вклопи во екипата.

Сепак, Јунајтед ќе има голема конкуренција, со оглед дека за него се заинтересирани и Ливерпул, Сити и Реал Мадрид, но од тимот од „Олд Трафорд“ имаат намера да му дадат голема слобода на Белингем и да го градат тимот околу него.

Борусија веќе кажа дека ќе бара 150 милиони евра за потписот на Белингем, кој блесна и со настапите на Мундијалот во Катар. Сепак, како што пишуваат англиските медиуми, Белингем ќе треба добро да размисли за да не тргне по стапките на Џејдон Санчо, кој од Борусија замина во Манчестер Јунајтед, а сега е на излезна врата од тимот. Дека трансферите од „Вестфален“ на „Олд Трафорд“ не успеваат така лесно, покажува и историјата и со Шинџи Кагава кој пристигна од „Олд Трафорд“, но му се случи целосен пад и на крајот се врати во Борусија, па играше во јапонски, белгиски клубови, а пред две години стигна и до дресот на грчки ПАОК.

Се вчитува...