Црвена Звезда се простува од Михајловиќ – Комеморација во чест на Миха на „Рајко Митиќ“

На стадионот „Рајко Митиќ“ се одржа комеморацијата на легендарниот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, кој почина пред два дена, а на него говореа Драгиша Биниќ, Љупко Петровиќ, Драган Џајиќ, Светозар Мијаиловиќ, Звездан Терзиќ.

Многубројни познати фаци од светот на фудбалот, поранешни асови, поранешни соиграчи на Синиша Михајловиќ дојдоа да се простат од фудбалската легенда, а комеморацијата започна со едноминутно молчење.

„Тешко е да се најдат зборови за да се збогуваме со Синиша, тие се премногу бледи за да се изрази она што тој беше. Нему му се посветени бројни изјави, насловни страници, емисии ширум светот. Тоа го заслужува само посебен спортист, почитуван човек, кој сакал, кој бил сакан. Сите се согласуваат, загубивме голем спортист и човек. Ова е нашиот Синиша. Тој дојде во Звезда, во тим кој се подготвуваше за европски поход, најмладиот во него со 23 години освои два од најважните пехари во клупскиот фудбал“, рече во своето обраќање Светозар Мијаиловиќ.

 

Се вчитува...