За нешто повеќе од еден час Аргентина и Франција ќе го почнат финалниот натпревар на 22. Светско првенство кое од 20. ноември се игра во Катар.
Иако се говореше дека Оливие Жиру може да го пропушти овој натпревар, искусниот напаѓач се најде во почетниот состав на тимот на „галските петли“ заедно со Килијан Мбапе и Усман Дембеле. Во тимот се враќаат и Адриен Рабио и Дајот Упамекано кои поради вирус го пропуштија полуфиналето против Мароко.
Аргентина ќе ја предводи Лионел Меси кој исто така беш под знак мал прашалник поради ситна повреда, а во нападот друштво ќе му праат Анхел ди Марија и Хулиан Алварез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА