Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ стигнаа до нова убедлива победа во годинашната сезона во ВТБ лигата, откако во натпревар од 17. коло славеа на домашен терен над Нижни Новгород со 86-71.
Домаќините уфрлија во повисока брзина уште од самиот старт на натпреварот, па по десет минути игра веќе имаа предност од девет поени (23-14). Гостите одиграа одлично во вторите десет минути па на пауза ја намалија негативата која изнесуваше (42-35). Сепак, во вториот дел Уникс без проблеми го приведе мечот до самиот крај за нов сигурен триумф од 86-71.
Ненад Димитријевиќ повторно беше еден од најдобрите поединци на својот тим. Натпреварот го заврши со 12 поени, надополнети со пет асистенции и три скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА