Бразилецот Нејмар му честиташе на Лео Меси за освоената титула на Светското првенство во Катар преку социјалната мрежа Инстаграм каде објави фотофрафија од насмеаниот Аргентинец кој со едната рака го милува трофејот, а во другата го држи признанието за најдобар играч на турнирот и напиша „Честитки брате“.
Нејмар и Меси се познати како одлични пријатели. Тие настапуваа заедно четири години во дресот на Барселона и засега, година и пол во дресот на ПСЖ.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА