Фенербахаче претрпе два порази во последните три евролигашки дуели, доволна причина за аларм и ангажман на нов кошаркар во редовите на турскиот гигант.
„Сино-жолтите“ од денеска се посилни за грчкиот репрезентативец Адетокумбо, и тоа Костас, помладиот брат на НБА-суперѕвездата Јанис. И самиот Костас Адетокумбо настапуваше во НБА-лигата, но не доби премногу шанси и голем дел од времето мина во развојните тимови во Џи-лигата.
Тој во 2021 година реши да се врати во Европа, селејќи се во таборот на Асвел, каде имаше просек од 5,8 поени и 2,7 скокови по натпревар. За услугите на Адетокумбо се интересираа неколку евролигаши, но тој се реши токму за Фенербахче поради тренерот Итудис, кој воедно е и селектор на грчката репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА