И покрај елиминацијата од Франција во 1/4 финалето, Англија успеа да освои награда на Светското првенство во Катар. Англичаните ја добија наградата за фер плеј на штотуку завршениот Мундијал.
Во пет натпревари во Катар, Англичаните добија само еден жолт картон во четвртфиналето против Франција оној на Мегвајер кога го фаулираше Антоан Гризман, и тоа во 90. минута од мечот.
Англичаните, сепак, го загубија мечот и покрај тоа што Кејн не реализираше удар од белата точка за да израмни на 2-2, и така да им даде шанса да се пласираат во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА