Аргентина го освои Мундијалот во Катар откако по изведување на пенали беше подобра од Франција, но ситуацијата при голот за 3-2 на „гаучосите“ предизвика реакција од страна на познатиот медиум „Л’Екип“.
„Л’Екип“ тврди дека голот на Меси за 3-2 требало да биде поништен. Имено, на социјалните мрежи се појави видео од стадионот на кое се гледа дека во моментот пред Меси да ја турне топката покрај Лорис, двајца аргентински резервни фудбалери влегле на теренот.
„Шимон Марчинијак теоретски требаше да ја прекине играта, односно да го поништи голот. Правилата јасно кажуваат дека голот мора да биде поништен ако тимот има премногу играчи на теренот за време на натпреварот, што беше случај овде. Но, тоа веројатно би било премногу сурова одлука во овој случај“, пишува „Л’Екип“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА