Карим Бензема се збогува со француската репрезетнација

Освојувачот на Златната топка за 2022 година, Карим Бензема повеќе нема да биде дел од француската репрезентација. 35-годишникот на денот кога го прославува својот роденден се одлучи да стави крај на репрезентативната кариера која беше исполнета со успеси.

Голгетерот поради повреда не можеше да им помогне на своите соиграчи во Катар, а и покрај тоа што беше во игра за настап во самото финале одби воопшто да ја разгледа можноста за повик од селекторот Дидие Дешамп со кој и нема добар однос.

Вестта за пензионирање од репрезентацијата искусниот Бензема ја сподели на социјалните мрежи каде напиша дека по целото жртвување оваа приказна заврши.

Се вчитува...