Дејан Митровски – Урко сопственик и тренер на Кикбокс клубот „Шампион“ од Скопје и на Центарот за фитнес и боречки спортови „Магнус“ доби признание од Град Скопје што го додекува градоначалничката Данела Арсовска за најдобар тренер за 2022 година.
Дека кикбоксот е еден од најуспешните спортови во Македонија потврда се уште и четирите признание од Град Скопје кои заминаа во рацете на најдобрите македонски кикбоксери.
Во сениорска конкуренција Бобан Илиоски е избран за спортист сениор на годината за освојување на златниот медал од Европското сениорско првенство во Анталија. Исто така во сениорска конкуренција како петторангирана и е доделено признание на Викторија Варадинова за освоениот бронзен медал од Европското сениорско првенство Анталија.
Во младинска конкуренција признание како треторангиран од 10-те најдобри доби и Нелсон Узеир за освоено второ место од Светското јуниорско првенство во Италија.
Мери Акиевска, пак, како член на Фитнес центарот „Магнис“, доби признание како шесторангирана сениорка за освоено прво место на Европско и прво место на Светското фитнес првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА