Димитар Митровски, досегашниот напаѓач на Академија Пандев, направи трансфер во хрватски Вараждин. Екс фудбалерот на Спортинг, после една сезона мината во таборот на „Пандевци“, сега ќе настапува во хрватскиот шампионат.
Митровски во минатото беше дел од младинските категории на португалскиот гигант Спортинг, Магдебург и Ханза Рошток.
Овој фудбалер кој во минатото беше дел од младата репрезентација, може да игра на различни позиции во офанзивниот дел, пред се на десната крилна позиција.
Трансферот се реализираше преку екс репрезентативецот Горан Попов, кој сега работи како менаџер и неговата агенција „ГП3 МТ Спортс Менаџмент“. Договорот е потпишан до јуни 2025 година.
Сезонава Митровски во македонскиот шампионат настапи 14 пати и постигна три гола, додека играше за екипата и во Лигата на Конференции и во два меча постигна еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА