Хрватскиот репрезентативец Јосип Јурановиќ блесна на Светското првенство во Катар каде беше еден од најдобрите играчи на поранешната југословенска држава. 27-годишникот одигра маестрален натпревар против ѕвездите на Бразил, стопирајќи ги Винисиус и Нејмар во нападот па доби пофалби од сите страни.
Сега тој е и на прагот да оставари сензационален тренсфер откако за неговите услуги интерес покажала Барселона, пренесува „Скај Спортс“. Каталонците во Хрватот гледаат како идеално решение за десната бековска позиција и понуда до Селтик се очекува да стигне веќе во јануари.
Но, истиот извор тврди дека каталонците ќе имаат и конкуренција за негов ангажман бидејќи желба за трансфер изразиле и Атлетико Мадрид и два клуба од Премиерлигата. Трансфермаркт го проценува Јурановиќ на 6.5 милиони евра, но очекувањата дека трансферот ќе вреди околу 15 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

