Легендите на македонскиот ракомет на 3. јануари ќе одиграат ревијален натпревар со сегашната репрезентација на Македонија во салата „Борис Трајковски“ што ќе биде како дел од подготовките пред Светското првенство во Шведска и Полска.
Селекторот Кирил Лазаров кој ќе биде дел од тимот на легендите вели дека целата таа генерација 2012 година од Србија заслужува на еден ваков начин да се прости од македонската публика кај која има голем интерес за овој меч.
„Планот на програмата беше ревијалниот меч да биде мало опуштање пред Светското. Ние постарите ќе инсистираме да се игра два пати по пет минути, бидејќи не знаеме колку можеме да издржиме. Убава иницијатива е тој натпревар и мислам генерацијата 2012 го заслужува ова што ќе го организира Ракометната федерација. Многу ми е мило што ќе се одржи. Има голем интерес од навивачите кои сакаат да ги испочитуваат легендите кои дадоа многу за Македонија“, вели Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА