Роналдо до крајот на годината потпишува рекорден договор

Кристијано Роналдо беше елиминиран со Португалија во четвртфиналето на Мундијалот, а сега се очекува да потпише рекорден договор. Шпанската „Марка“ тврди дека Роналдо сакал да остане во Европа, но одлуката паднала на Саудиска Арабија.

Португалскиот напаѓач договорил се со Ал Наср и треба да потпише договор вреден 500 милиони евра.

„Во Ал Наср чекаат Португалецот да потпише пред крајот на 2022 година. Ќе добие договор до јуни 2025 година и 500 милиони евра“, тврди Марка.

Саудијците го гледаат доведувањето на Роналдо како голем чекор во борбата за домаќинство на Светското првенство во 2030 година. Ал Наср е клуб од Ријад, предводен од поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија. Најголеми ѕвезди во тимот се голманот Оспина и поранешниот играч на Виљареал, Алваро Гонзалес. Тој е вториот најтрофеен саудиски клуб.

Се вчитува...