Искусниот играч од средниот ред Арменд Алими ќе го напушти тимот на Работнички во зимскиот преоден рок. Фудбалерот не најде заеднички јазик со раководството за понатамошна соработка, и после две години го напушта тимот на „романтичарите“.
Алими дојде во тимот од Дебар Маало во јануари 2021 година, а оваа сезона беше еден од истакнатите играчи на Работнички и еден од главните адути за тимот да дојде до чист опстанок во Лигата.
Од Работнички најверојатно заминува и Иво Јанакиевски, кој исто така не се согласил со раководството за понатамошна соработка по новите услови. Најавено е дека ќе си оди и Методи Максимов, кој би требало да биде дел од Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

