Напаѓачот на Брентфорд обвинет за нови 30 прекршувања за обложување

Напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони се товари за нови прекршувања за обложувањето. Во ноември Фудбалската Асоцијација на Англија го обвини напаѓачот за 232 прекршувања од 2017 до 2021 година. ФА сега му натовари уште 30 прекршоци меѓу март 2017 и февруари 2019. Тој има рок до 4. јануари да се произнесе за обвинувањата.

Со 10 гола и 2 асистенции во 14 натпревари во Премиерлигата, Тони е трет на листата на стрелците зад Халанд и Кејн. 26-годишниот фудбалер не се најде на списокот за Англија за Катар, токму поради скандалот со обложувања кои се строго забранети за фудбалери во Англија.

Со оглед на најавите за суспензија за ваков вид на престапи, за очекување е големиот скок во кариерата што овој играч го има во последните две сезони да запре на неодредено време.

Се вчитува...