Руни: Ги разбирам оние кои велат дека Роналдо е најдобар, но Меси…

Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни со години играше заедно со Кристијано Роналдо, но по триумфот на Аргентина на Светското првенство во Катар му даде признание на Лионел Меси.

„Гаучосите“ го освоија третиот пехар на светските првенства со победата против Франција по подоброто изведување пенали, а славјето јужноамериканската земја трае веќе со денови.

„Имам многу почит кон Кристијано Роналдо и кога луѓето велат дека е најдобар, јас разбирам за што зборуваат и го почитувам нивното мислење. Но, за мене Меси е едноставно поинаков. Сум играл против Лионел неколку пати, неговата способност да ја контролира топката, да игра, да додава и да постигнува голови го прави посебен. Тешко е да се биде негов ривал“, изјави Руни.

Меси беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство, додека Португалија на Роналдо го заврши натпреварувањето со пораз од Мароко во четвртфиналето.

Се вчитува...