Неверојатно: Меси ќе игра и на СП 2026?!

Освоената светска круна целосно го промени планот за иднината на Лео Меси, кој сака да ужива на терените со епитетот „светски првак“ зад своето име.

Аргентинската фудбалска легенда Хорхе Валдано тврди дека Меси му најавил дека е подготвен да продолжи да игра за „гаучосите“, и тоа се до СП 2026 што ќе се одржи во САД и во Мексико. Валдано имал можност да го интервјуира Лео пред мундијалот во Катар,по што почнале и неврзан разговор.

„Кога камерите не беа вклучени тој ми рече дека ако успее да стигне до титулата, ќе игра и во САД и во Мексико во 2026 година. Желбата му е да стане првиот во историјата кој настапил на шест светски шампионати, никој некогаш нема успеано во такво нешто. Му одговорив дека тоа не е возможно, но тој беше дециден: Ако станам светски првак, ќе го носам националниот дрес до наредниот мундијал“, обелодени Валдано.

Меси тогаш би имал 39 години, но би бил далеку од рекордот на Роже Мила, кој играше за Камерун на 42-годишна возраст на СП 1994. Во Катар пак годинава највозрасен фудбалер беше Атиба Хачинсон, кој го носеше дресот на Канада на 40-годишна возраст.

Се вчитува...