Феникс Санс добива нов сопственик

Американскиот милијардер Мет Ишбија ќе стане нов сопственик на НБА клубот Феникс Санс и на Феникс Меркјури, член на ВНБА лигата, што ќе го чини четири милијарди долари, објави ЕСПН.

Тоа би била најголемата сума за која е продаден/купен НБА клуб, надминувајќи го претходниот рекордер Џозеф Цаи, кој во 2019 година стана сопственик на Бруклин Нетс за 2,35 милијарди долари.

Актуелниот сопственик на клубот од Аризона, Роберт Сервер ја објави својата намера да ги продаде Санс во септември. Да потсетиме, НБА го санкционираше милијардерот со едногодишна суспензија поради покренување истрага за наводно несоодветно однесување на работното место.

Ишбија го направи своето богатство наследувајќи го својот татко на чело на корпорацијата „Обединета големопродажна хипотека“, која беше основана во 1986 година во Мичиген. Форбс проценува дека е „тежок“ на 5,1 милијарди долари.

Санс моментално се трети на Западот со скор 19-12.

Се вчитува...