Манчестер Сити вечерва ќе го пречека Ливерпул во најинтересниот дуел од осминафиналето во лига-купот на Англија, меч за кој Пеп Гвардиола се соочува со сериозни проблеми со составот.
Имено, дури 11 фудбалери од првиот тим на Сити се уште се немаат појавено на тренинзи по завршувањето на СП во Катар, па нема да можат да настапат против Ливерпул утре. Станува збор за Едерсон, Лапорт, Дијаз, Кансело, Бернардо Силва, Хулијан Алварез, Вокер, Стоунс, Филип, Фоден и Грилиш. За очекување е нападот на Сити да го предводи Ерлинг Халанд, кој тренираше со остатокот од тимот во изминатиот период и е максимално подготвен за вториот дел од сезоната.
На спротивната страна, Ливерпул дефинитивно ќе биде без Ван Дајк и Алисон Бекер, а се очекува во нападот да се појави Мохамед Салах, кој исто како и Халанд не беше дел од мундијалот во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

