Се враќа клупскиот фудбал: MOZZART со најголеми квоти на свет на Јунајтед и Генк

Заврши Светското првенство во Катар и клупскиот фудбал полека се враќа. Англичаните и Белгијците денеска играат Куп натпревари. Букмејкерите на MOZZART за денес избраа два коефициенти кои во секое време ќе бидат највисоки во светот. Во прашање се натпреварите на Манчестер Јунајтед во осминафиналето на англискиот Лига куп против Барнли и на Генк против Андерлехт во осминафиналето на Купот на Белгија.

Манчестер Јунајтед – Барнли (среда, 21:00), кец 1,48

Започнува животот на Јунајтед без Кристијано Роналдо. Португалецот си замина по нешто помалку од една и пол година во својот својот втор мандат на „Олд Трафорд“. Барнли е лидер во Чемпионшип. Одличниот поранешен премиерлигаш го предводи белгискиот стручњак Винсент Компани, кој е поранешен капитен на Сити. Ерик Тен Хаг би можел да стартува со англискиот репрезентативец Хари Мегваер, а сигурно отсуствуваат Аргентинецот Лисандро Мартинез и Французинот Рафаел Варан кои добија неколкудневен одмор по финалето во Доха кое беше пред само три дена. Гостите се во серија од три победи во најсилната втора лига во светот и ќе се обидат да го изненадат гигантот на Театарот на соништата. Минатата сезона во Премиер лигата Манчестер победи со 3:1 на домашен терен против денешниот ривал, додека на гостински терен беше 1:1.

 

Генк – Андерлехт (среда, 20:45), кец 1,85

Генк е газда оваа сезона во Белгија. Популарните Штрумфови пред прекинот на првенството поради Мундијалот врзаа дури 11 победи во Жупилер лигата и Купот на Белгија, а во текот на месецот забележаа успеси и на три пријателски натпревари. Андерлехт и оваа сезона не е при врвот, тешко дека ќе стигне до Европа. Овие селекции одиграа натпревар на 13 ноември во Брисел, непосредно пред почетокот на Светското првенство во Катар. Генк победи со 2:0, па и денеска ја има улогата на фаворит во осминафиналето. Најдобар стрелец на Генк оваа сезона е Нигериецот Пол Онуачу, стрелец на 13 гола во белгискиот шампионат. Во последните три натпревари меѓу овие клубови резултатот беше 0-2 гола.

ЗАБЕЛЕШКА: Квотите се подложни на промени, но ќе бидат највисоки во светот во секое време во MOZZART.

Се вчитува...